ВМРО ДПМНЕ: Потребно е ниту еден граѓанин да не остане без приход во овие тешки времиња

Додека Владата се фали со својата успешност во услови на светска пандемија и економска криза од досега невидени размери, граѓаните се борат за парче леб. Илјадници наши граѓани се оставени без приходи, првичните анкети велат дека над 100 илјади Македонци добиле привремен отказ, а со проблеми се соочуваат и оние граѓани кои се самовработуваат како што се земјоделците, возвраќа опзоциската ВМРО ДПМНЕ веднаш на прес конференцијата од Трајан Димковски, Нина Ангеловска и Николче Бабовски

-Недостигот на концепт, план и начин за справување со кризата на Димковски и Ангелогвска е она што навистина ги загрижува граѓаните и укажува на нивната неспособност да се справат со ситуацијата.

Потребно е Димковски да излезе на терен да ги воочи реалните проблеми со кои се соочува македонскиот земјоделец. Ангелковска мора да ја согледа реалната состојба во економијата и наместо да биде слеп послушник на олигарсите, да им помогне на малите и средни претпријатија. Потребен е ангажман на сите државни капацитетите за да се најде откуп за зелката, јагнето и другите производи и да им помогнат на фирмите и граѓаните, потребно е ниту еден граѓанин да не остане без приход во овие тешки времиња.

Владата не се откажува од идејата за зголемувањето на акцизата за горивата што пак ќе значи поголеми давачки за секој еден граѓанин во Република Македонија. Земјоделците особено ќе бидат на удар поради користењето на земјоделската механизација. Ваквото покачување ќе удри и по џебот на малите и средни претпријатија, но и на обичните граѓани кои ќе плаќаат поскапо гориво и потенцијално поскапи основни продукти потребни за живот.

Доста работевте за олигарсите почнете да работите за граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави