Во Италија намален e бројот на новозаразени и починати пациенти

Италија бележи најмал број на смртни случаи од 12 април – 482 лица, со што вкупниот број на починати надмина 23.000, соопшти Службата за цивилна заштита.

Како што е наведено, регистрирани се 3.493 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број на заразени изнесува 175.925, додека вкупно 23.227 починале, пренесува Ројтерс.

Дневната статистика за бројот на починати и ново дијагностицирани пациенти покажува дека состојбата се стабилизирала во последните 13 дена.

Треба да знаете
Последни објави