По најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека се прават тестирање на коронавирусот на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и резултатите на децата и родителите се негативни на Ковид-19.
Превентивно, најавуваат од Универзитетска Клиника за детски болести, ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.