Мерките на СДСМ се задоцнети и несериозни, возвраќа опозициската ВМРО ДПМНЕ на соопштението од владејачката СДСМ.
Секојдневните празни соопштенија нема да ги убедат граѓаните дека нивните економски мерки се за нивното добро.
Мерките кои СДСМ ги нарекува економски се само импровизација на власта и не значат никаква помош. Тие само ќе ја продлабочат на економската криза во Република Македонија.
Неспособноста на оваа власт скапо ќе ја чинат државата и граѓаните.
Доколку владата предводена од СДСМ навистина сака да помогне на граѓаните, тогаш нека ги прифати мерките кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, за спас на економијата.