Во Франција бројот на починати од ковид-19 се зголеми за 624 лица

Бројот на починати од корорнавирус во болниците и домовите за стари лица во Франција достигна 19.323 лица, од кои 642 во последните 24 часа.

Од почетокот на пандемијата, во француските болници починале 11.842 лица, додека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица починале 7.481.

На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 5.833 пациенти.

Франција е практично во блокада од 17 март, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронарниот вирус.

Треба да знаете
Последни објави