Црногорската полицијата приведе три лица во Подгорица, од кои едното малолетно, поради непостапување по здравствените регулативи за сузбивање на опасна заразна болест. Другите две лица се на возраст од 18 и 19 години.
Овие три лица биле фатени на клупа во парк, се вели во соопштение на црногорската полиција.
Покрај тоа, тие ја прекршиле мерката забрана за присуство и задржување на јавен простор на повеќе од едно лице.
Од воведувањето на оваа мерка, полицијата во Подгорица процесуираше вкупно 33 лица.