Во последниве години сумите за обештетување на трансферите на фудбалерите достигнаа огромни вредности, а пред да стапи коронавирусот на сцена се појавија нови рекорди, околу 300-400 милиони евра …
Но трошењето пари ќе биде запрено, а клубовите едноставно ќе треба да функционираат поинаку. Не само кога станува збор за купувањето и продажбата на фудбалерите, туку и во целина. Со материјалните ресурси ќе се управува поинаку.
Тоа го навести европратеникот Даниел Кон-Бендит.
Во интервју за Ouest France, тој рече дека можеме слободно да заборавиме на трансферите кои, како оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ, достигнаа над 200 милиони евра.
-Што мислите, колку во оваа криза или набргу по неа ќе чини актуелниот најскап играч на светот, Килијан Мбапе? Велите, 200 милиони евра како денес? Не би се согласил. Мислам дека ќе биде околу 35, евентуално 40 милиони евра , рече Бендит.
– Оваа криза тешко ќе го погоди професионалниот спорт. Ќе биде како да имало нуклеарен напад и ќе мора да се изгради сè од ново. За тоа ќе треба целосна реорганизација не само преку фудбалерите, туку и на полето на телевизиските права и маркетингот, додава тој.