Доколку не се воспостави и воведе спречување на ширењето на КОВИД-19, Тетово може да претставува ново критично жариште за коронавирусот, изјави вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи. После 400 спроведени тестови во Тетово и околината, според Османи, околу 54 лица се позитивни на коронавирусот.
– Значи 20 случаји се во Тетово, 18 во Боговиње, пет во Теарце, шест во Брвеница, по еден во Желино и Јегуновце. Има четири починати и двајца лекувани, повеќето од нив се над 60 години. Има еден случај со новороденче од пет месеци, другите се лекуваат и им се вршат дополнителни проверки. Последниот случај, е случајот во Боговиње, со заразувње на матичниот лекар, кој резултираше позитвен на КОВИД-19. Но, притоа институции итно реагирале и ги идентификувале сите пациенти кој што имале контакт со тој лекар и се поставени во самоизолација, односно 156 лица во следните 14 дена ќе бидат мониторирани, истакна Османи.
Тој уште додаде дека од Тетово денес имаат примано барање за прекин на превоз на луѓе од една во друга општина на Полошкиот регион. Ова прашање денеска ќе биде разгледувано во владнина седница.
– Верувам ќе биде мерка за спречување на ширење на болеста, односно Тетово, во контекст со Куманово и Прилеп ќе треба да се сметат како три критични зони, рече Османи
Водно во Гостивар, од 161 тест, како што информираше Османи, позитивни на КОВИД-19 резултирале 12 лица. И сите се во домашно лекување.