Струга и стружани како и останатиот дел од земјава го живеат 85 часовниот полициски час, кој поради Велигден трае речиси цели четири дена. Екипа на 24 Инфо беше во градот на поезијата, каде досега се евидентирани 53 позитивни на Ковид 19.
Улиците беа празни, па дури за време на обиколката не сретнавме ниту полициски екипи. Стружани се дисциплинирани, но очигледно и исплашени по денешната вест за смртта на пациент од Лабуништа.
Токму Струга со 11 починати од коронавирус, и со само еден помалку од Куманово кој е град со најмногу смртни случаи од Ковид19, според процентот на смртност од околу 20 отсто е Општина најтешко погодена од заразата.