Честитка за Велигден од МД „Илинден” и МАЕИ

Македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција,МАЕИ, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.

– Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден” на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден,да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година во која сме соочени со сериозен предизвик,кој ни потврди дека сите сме еднакви,- се вели  во честитката од МД„Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците,Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје,спокој и благосостојба.

-Чествувањето на Празникот над празниците,Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,кој овој пат го одбележуваме во многу поразлични услови од до сега. Да посакаме Бог да им помогне на болните и да им даде сила на здравствените работници,кои се на првата линија во борбата против невидливиот непријател,Ковид-19. Ви посакуваме и во вакви околности празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата,стои во честитката на МАЕИ.

Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богодлужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.

Поради забраната за движење што во Албанија  почна вчера од 17:30 и ќе трае до понеделник до 5:00 часот,како и забрната за групни собирања и апелот на Албанската православна афтокефална црква верниците Христовото воскресени да го дочекаат дома, службата ќе биде одржана само во присутво на сослужители.

Треба да знаете
Последни објави