Додека пандемијата на коронавирус се шири низ целиот свет, а многу земји ги затвораат своите фабрики и градови, научниците сè повеќе забележуваат природни настани што досега не биле видени.
Поточно, светот изгледа дека е заспан во последните неколку недели. Одеднаш сопре движењето на автопатите, на кои до неодамна се собираа колони возила и на тротоарите на кои движеа пешаци од рано утро до доцна вечер. Летаат помалку авиони, ретко пловат бродови во водите, нема повеќе училишни патувања и автобуси. Иако оваа новооткриена тишина за повеќето од нас луѓето е морничава затоа што нè потсетува на заканата од пандемијата, сепак ги воодушевува другите живи видови во светот, но и научниците.
While locals endure lockdown imposed due to the coronavirus outbreak, some sea lions are enjoying some "me time" away from humans at the deserted Mar del Plata harbor in Argentina. pic.twitter.com/5rHqvd140L
— CGTN (@CGTNOfficial) April 19, 2020
Безразлика дали станува збор за кози во Велс или диви свињи во Италија, животните низ целиот свет се чини дека добро се прилагодуваат на животот без луѓето за време на појава на коронавирусот. На фотографијата се прикажани лавови кои лежат на улица во Јужна Африка, пишува Си-Ен-Ен.
Многу научници ја искористија оваа пауза во глобалниот сообраќај и бучавата за да започнат со невозможно истражување досега. На пример, сеизмолозите сега можат да откријат движења под површината на Земјата претходно сокриени со градски звуци, пишува „Трихагер“.
While locals endure lockdown imposed due to the coronavirus outbreak, some sea lions are enjoying some "me time" away from humans at the deserted Mar del Plata harbor in Argentina. pic.twitter.com/5rHqvd140L
— CGTN (@CGTNOfficial) April 19, 2020
Цицачите имаат корист од карантинот. Познато е дека китовите се вознемирени од бучавата на товарните и крстаречките бродови, при што тие престануваат да пеат или да комуницираат сè додека не поминат пловилата.
Така, магазинот Атлантик објави студија во која се опишува како биолозите откриле дека нивото на стрес хормоните кај северноатлантските китови во канадскиот залив значително се намалило по закочувањето на сообраќајот во водите.
Пеењето на птиците исто така стана позабележително во урбаните области.
„Порано мислев дека во Вухан нема птици, затоа што никогаш не сум ги слушнала, и ретко ги гледав. Но, сега сфатив дека нивното пеење го загушиле луѓето, гужвите и сообраќајот. Слушам птици кои пеат цел ден. Слушам како летаат со крилјата“ , изјави Ребека Франкс, која живее во Вухан, Кина