Младоженец од Индија со велосипед одел на својата свадба, но полицијата го ставила во карантин

Младоженец во Индија патувал повеќе од 800 километри на велосипед за да стигне на венчавката во родниот град, но е ставен во карантин пред да каже „да“.

Полицијата го запрела пред да пристигне на неговата дестинација, по што го сместила во карантин.

Сону Кумар Кухан (24) изјави за Си-Ен-Ен дека требал да се ожени на 15 април во неговиот роден град во Утар Прадеш.

Карантинските мерки го затекле во градот Пенџаб, каде работи во фабрика на илјада километри оддалечен од местото на венчавката. По долго размислување и разговор со пријателите, Сону и неговите тројца другари решиле да тргнат на патување од речиси илјада километри возејќи велосипед.

По една недела возење, само два дена пред свадбата и на 150 километри од дестинацијата, Сону и неговите пријатели биле запрени од полицијата. Властите не им дозволиле да го продолжат патувањето и сите четворица мажи биле ставени во карантин, каде ќе останат 14 дена.

Индија воведе карантински мерки кои ќе бидат во сила до 3-ти мај.

Треба да знаете
Последни објави