Никој не беше пратен во самоизолација, тврдат вработени од маркетот во Велес каде има заболени од Ковид 19

Вработени во маркетот во Велес каде има шестмина заразени од Ковид 19 тврдат дека никој до петокот не бил пратен во самоизолација, туку поради скратеното работно време половина од вработените се на одмор, објави Телма.

Телевизијата претходно објави дека шестмина вработени во маркет во Велес се заразени, а првата заболена со вирусот  се заразила во Куманово.

Тие сакаа да останат анонимни но тврдат дека во петокот на 17 ти април кога им пристигнале последните резултати на неколкутемина заразени, дел од нив дури биле и на работното место. Кога ја дознале веста веднаш заминале од таму.

Во редакцијата на Телма се јавија и потрошувачи кои ја негираат информацијата дека маркетот бил затворен два дена пред празниците како што тврдеше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и бараат да се спроведе истрага за случајот.

Треба да знаете
Последни објави