Путин им го честита Велигден на верниците: Сѐ ќе биде добро со Божја помош

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес им се обрати на милионите православни христијани за Велигден, посакувајќи им среќа и здравје во екот на пандемијата на коронавирусот.

„Сè ќе биде добро, со Божја помош“, рече Путин.

Оваа година 67-годишниот претседател запали свеќа во неговата резиденција, наместо во црковен храм како што прави секоја година.

Москва е во строг карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Државната телевизија емитуваше миса предводена од патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, во соборниот храм Христос Спасител, придружуван од повеќе свештеници.

Руската православна црква ги повика луѓето да останат дома, поради заканата од вирусот.

Во голем број земји, велигденските миси беа проследени преку Интернет и телевизија.

Треба да знаете
Последни објави