Филипче: Oслабнување на мерките по 1 мај, но ќе останат препораките за физичко дистанцирање уште подолго време

Владата размислува за ослабнување на мерките за движење по 1 мај, но ќе останат препораките за физичко дистанцирање уште подолго време изјави министерот за здравство, Венко Филипче во видео-разговор за Дојче Веле.

– Имавме интересен состанок со СЗО пред два дена со 150 учесници. Според искуствата од разни земји, сите се на истиот став дека нема животот со иста динамика да се враќа во нормала. Членови на Комисијата за заразни болести ќе работат со економски оператори и фабрики за да се види како ќе се организира работата кај нив, како и во рестораните и во јавниот превоз. Во постепената нормализација ќе треба да се почитува физичката дистанца. Само да немаме нов пик на пациенти, што не е исклучено ако не се почитуваат рестрикциите до почетокот на следната година кога се очекува да се пронајде вакцината. Мерките ќе се укинуваат постепено, ќе се скрати полицискиот час Седната недела ќе водиме дискусии за тоа. Имаме план, но не го знаеме се уште датумот. Знаеме дека е тешко да се седи дома, но апелирам да се издржи, рече министерот.

Филипче смета дека нема потреба Куманово да влезе во карантин, а во месеците кои што се пред нас од исклучително значење ќе биде симнувањето на мобилната апликација..

 

Треба да знаете
Последни објави