Шестмина вработени во маркет во Велес позитивни, првата се заразила во Куманово

Нема кластер на заразени потрошувачи од маркетот во Велес каде шестмина вработени се позитивни на корона вирусот. Ова за Tелма го потврдуваат од Државниот здравствен инспекторат од каде велат дека нема простор за паника.

Првата вработена имала симтоми, а позитивниот тест го добила на 12 ти месецов. Веднаш по ова се изолирани и сите вработени кои имале блиски контакти со неа, а шестмина од нив подоцна се покажале како заболени од корона но тие не оделе на работа. Во меѓувреме во маркетот е направена дезинфекција, а во вторник повторно ќе се дезинфицира.

-Во меѓувреме првично беа потврдени како позитивни и четворица членови на фамилијата на првозаразената, а сега и уште двајца членови на една вработена. Но, сметаме дека кругот е затворен бидејќи сите од првиот момент биле во самоизолација. Од вторник сите вработени во маркетот ќе бидат заменети со целосно нов персонал, а во објектот ќе извршиме и механичко чистење, вели Ирина Сотирова Бухова од ДСЗИ.

Инаку според информациите на Телма, првата вработена која е позитивна на корона била во Куманово од каде се смета дека и се инфицирала.

Треба да знаете
Последни објави