Ѓоковиќ: Јас сум прв против вакцинирањето за Ковид-19

Откако разговараше на Инстаграм со Енди Мареј и Стен Вавринкa, Новак Ѓоковиќ реши да разговора и со српските спортисти. Преку Фејсбук ги собра тенисерите Виктор Троцки, Ненад Зимоњиќ, Јанко Типсаревиќ, Душан Лајовиќ и Филип Краиновиќ, како и фудбалерот Марко Пантелиќ, одбојкарот Александар Атанасијевиќ и автомобилистот Душан Борковиќ.

Како што се очекуваше, главна тема беше тековната состојба со вирусот корона. Иако таква вакцина се уште се истражува од научниците, Србинот го изнесе својот став, и засега тој е против.

-Јас прв сум против таква вакцина. Не сум за тоа да морам да се вакцинирам за да патувам по светот и да играм на турнири. А ако биде тоа правило и закон, дополнително ќе размислам околу тој проблем.  Засега мојот став е против, е сега дали ќе се промени, не знам, но секако дека ќе влијае на мојата работа, тоа сигурно, тука нема дилеми. Сезоната ќе започне кога безбедноста ќе биде на високо ниво,  а тоа ќе потрае. Што да се направи во меѓувреме? Јас би рекол дека ќе има регионални турнири. Официјално во моментов велат некаде од 13-15 јули, но не мислам дека турнирите ќе почнат пред септември, изјави Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави