Алијанса на Албанците бара кривична одговорност за прославата на Велигден во Бигорски манастир

Славењето на Велигден не треба да претставува потенцијален ризик за ширење на вирусот ковид-19, затоа владата требаше да преземе конкретни мерки. Ние ја разбираме желбата на сите да ја практикуваат религија како што сакаат, но кога станува збор за јавното здравје, на сите нас останува да ги жртвуваме нашите желби за доброто на сите. Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот, реагира Алијансата на Албанците.

„Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеа маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на ковид-19“, се наведува во партиското соопштение.

Алијансата на Албанците итно бара од надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка, за организаторите и учесниците.

Треба да знаете
Последни објави