Илјадници православни верници за Велигден ги посетија црквите во Белорисија

Илјадници православни христијани во Белорусија денеска го прославија Велигден во црквите низ земјата, игнорирајќи ги повиците на здравствените власти и црковните великодостојници да останат дома и со тоа да го спречат ширењето на коронавирусот.

-Треба да се зачува традицијата на нашите родители, татковци и дедовци. Мислам дека не сме направиле никаква жртва со доаѓањето денеска овде. Верувам дека Бог ќе нè заштити, изјави верник во Соборната црква во Минск.

Британските медиуми пренесуваат дека Белорусија е една од ретките земји што не воведе мерки за изолација заради пандемијата со Ковид-19.

Според белоруското Министерство за здравство, досега починаа 47 лица од коронавирусот, а до петокот во земјата имаше регистрирано  4.779 заразени.

Треба да знаете
Последни објави