Италија ја повикува ЕУ да издаде заеднички обврзници

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, денеска повторно ја повика Европската Унија да издаде заеднички обврзници во еврозоната за да ја покаже солидарноста на блокот во справувањето со долгот создаден од кризата предизвикана од коронавирусот.

Тој во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг“ рече дека издавањето вакви обврзници не е поврзано со претходниот или идниот италијански долг, пренесува Ројтерс.

Според него, Германија и Холандија, кои најмногу се спротивставуваат на идејата, треба да ги променат своите ставови за да испратат сигнал дека Европа е единствена и додаде дека сака заедничките обврзници да бидат конкретно спроведени и ограничени.

Германија, најголемата економија во Европа, покрај Холандија, рече дека не го смета издавањето на заедничките обврзници во еврозоната за вистинскиот начин за поддршка на здравствените трошоци и пакетите за спасување на економијата.

Берлин за таа цел сака да го користи Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ)

Треба да знаете
Последни објави