Мицотакис: Воскресението веќе го осветлува патот до радосен излез од бурата на пандемијата

Светлината на Воскресението ќе го осветлува нашиот пат сè додека животот, чекор по чекор, не се врати во нормалниот ритами. Дотогаш, да не го ставиме во опасност она што нѐ направи пример за целиот свет, рече грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во неговата честитка до граѓаните по повод Велигден, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис се осврна на фактот дека оваа година големиот Христијански празник е поразличен, граѓаните го слават дома, почитувајќи го препораките од експертите, и со дисциплинирано ги следат правилата, односно „агонијата станува битка, а привремените ограничувања стануваат светли дестинации”.

-Прославуваме поинаков Велигден. Под истото пролетно сонце, но без црквите, без нашите пријатели и без нашите традиционални обичаи. Оваа година, Страсната седмица траеше повеќе од 50 дена. Но, Воскресението веќе го осветлува патот до радосен излез од бурата на пандемијата. Со дисциплина и солидарност ги спречивме првите бранови. Го заштитивме јавното здравје. И, останувајќи на истиот пат, наскоро ќе започнеме со постепено преминување во нова ера, во која многу работи ќе бидат сменети, порача грчкиот Премиер.

Треба да знаете
Последни објави