Австралиецот Џеф Фенех освојувал титули во три тежински класи–бантам, супербантам и перолесна, а по неговата боксерска кариера се концентрираше на тренерската работа за време на која неговиот најпознат ученик беше легендарниот Мајк Тајсон. Фенех и „Железниот Мајк“ соработуваа заедно во финишот на кариерата на Тајсон, кој беше една од темите на разговорот на Австралиецот за Fight site.
– Боксот не е ист денес каков што беше порано. Ви гарантирам дека Мајк Тајсон со шест недели тренинг би го нокаутирал Дионтеј Вајлдер во рок од една минута. Ако овие ликови ги нокаутираше Тајсон Фјури, кој е одличен борец, но не и голем удирач- тогаш Тајсон ќе ги убиеше. Денес тие не се на исто ниво. Мислам дека и денешниот Тајсон со тренинг би ги победил тие момци. Фјури има и други вештини, но Вајлдер има удар и ништо повеќе. И ако го погодиш, готово е. А Мајк не промашува…, вели Фенех.
Поранешниот светски шампион е убеден дека боксот беше многу подобар по квалитет отколку што е денес.