– Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот.
Како што соопштуваат од ЈСП, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.
Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6:40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7:02 ч, 7:46 ч, 8:08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12:32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 13:38 ч, 14 ч и 14:22 ч (последен наведен термин во прилогот пред 16).
РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ВО РАБОТНИ ДЕНОВИ
Билетарници
Од 7:30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Центри за персонализација
Отворени од 7:30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.
Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.
Напоменуавме дека ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот.