Роберт Спано од Исланд избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права

– Европскиот суд за човекови права го избра за свој нов претседател судијата Роберт Спано од Исланд, кој на таа функција ќе го наследи на 18 мај 2020, Линос-Алекснадар Сицилианос (Грција), јави дописникот на МИА.

Судијата Роберт Спано е роден на 27 август 1972 година, во Рејкјавик. Завршил правни студии и е магистер по европско и компаративно право. Работел како правник во канцеларијата на народниот правобранител на исландскиот Парламент, а исто така бил професор на Правниот факултет во Исланд.

Меѓу другото извршувал и други функции поврзани со заштитата на човековите права.

Тој покрај високи функции во исландските и европските правосудни органи, на 1 ноември 2013 бил избран за Судија во Европскиот суд за човекови права. Во судот бил претседател на секција  од 1 мај 2017 година до 30 април 2019 година и потпретседател на Судот од 5.05 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави