УНИЦЕФ бара 92,4 милиони долари за борба против пандемијата на Блиски Исток и во Северна Африка

Фондот на Обединети нации за деца (УНИЦЕФ) денеска упати апел за дополнителни 92,4 милиони долари за борба против пандемијата со новиот коронавирус на Блиски Исток и во Северна Африка, региони со најголем број на загрозени деца.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан истакна дека Јемен е најголема грижа. Каде има околу два милиона неухранети деца.

– И претходно беше критично да се одговори на потребите на децата во Јемен, а сега со пандемијата од Ковид-19 овие деца е уште поранливи, истакна Чајбан.

Во Јемен се уште не е регистриран случај на заболен од Ковид-19, но се стравува дека поради ограничените можности за тестирање, новите случаи нема да бидат забележани.

– Дополнителните средства се потребни за низа програми во регионот со цел да се ублажат последиците од пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави