Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти во историјата на македонскиот народ го води здравствениот систем. Она што до сега не сте го знаеле, а можеби Ве интересирало, охридскиот портал „ОхридСкај“ се обиде да го открие и да ја опише фамилијарната лоза на Венко Филипче во кратки црти.
Венко Филипче потекнува од стара охридска револуционерна фамилија. Малку се знае дека неговиот прадедо Иракли Филипче, бил најбогатиот човек и хуманист во постарата историја на Охрид. Иракли Филипче бил чувар на Охридските скапоцености во една од седумте регии во стар дел на Охрид попозната како Пандонос. Иракли Филипче имал многу деца со својата сопруга Афродита, која била од старата охридска фамилија Снегаровци. Иракли помеѓу старите охриѓани, тогаш се истакнувал со голем Хуманизам, помагал и ги вдомувал сите сираци и стари лица во стариот дел на Охрид. Иракли Филипче во 1903 година е заробен од страна на турскиот аскер и на пат до Битолскиот затвор починал. Тој е погребан од жителите на стариот дел на Охрид, Варош, со сите народни и верски почести во дворот на Црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.
Во бракот помеѓу Иракли Филипче и Афордита се родиле и синовите Ставре Филипче и Никола Филипче. Никола Филипче бил основач на ТМРО, учител и личен пријател со тогашниот висок преставник на Европа во Макеоднија, Еторо Лоди. Никола Филипче умира млад од колера која го зафајќа Охрид.
Повеќе на линкот: Охрид скај