Д-р Андоновски: Досега има тестирано 40 деца за ковид 19 во Козле, но само 4 беа позитивни

Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле , од самиот старт на новонастанатата состојба предизикана од ковид 19 функционира според сите препораки од СЗО и од здравствените власти, институција која е способна соодветно да одговори на сите предизвици и да се справи со секоја задача. Сите дечиња кои се фебрилни и кои имаат белодробни проблеми се предмет и задача на обработка од страна на ИБЗД Козле , досега функционираме беспрекорно и се укажува помош на секое заболено дете- вели доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле за 24 инфо.

Досега имавме тестирано повеќе од 40 тина дечиња кои беа суспектни за Ковид 19 , но само 4 до сега беа позитивни , сите тие кои беа позитивни се стабилни и се пуштени на домашен третман.Пневмониите беа и ќе се составен дел на периодот кој што изминува а и секако на патологиите во претстојниот период и секако дека секогаш пациентите ќе се обратат во нашата институција за да им се укаже првата помош

 Колку деца се хоспитализирани во моментов и има ли болницата капацитет за да ги прими сите деца бидејќи пикот допрва доаѓа?

-Сега во моментот имаме околу 30 тина деца кои се хоспитализирани и се на соодветен третман. Треба да разбере нашата јавност дека и во мометнов детската болница Козле функционира и како боница која ги третира сите патологии кои се актуелни во моментов и дека постои специјален посебен оддел наречен Ковид оддел кој е само за суспектни и деца со таква патологија, иако се до исполнувањата на капацитетите на Инфективната клиника пациентите заболени од овој вирус се третираат таму. Инаку здравствените власти не го прекинаа нормалното функционирање на мој термин баш и се со цел за да непречено се прегледуваат сите пациенти на кој им е потребна нашата помош. Организирањето на Детската болница Козле беше од самиот старт безпрекорна и е направена за да може да им се укаже помош на сите доколку има таква потреба. Не сме уплашени од пикот воопшто туку и сега функционираме и сме подготвени за се што би ни се наложило зависно од сите параметри и состојби.

Пролет е време на настинки, алергии, синузити. Што со хроничните пациенти има ли повеќе случаи за разлика од минатите години?

Јасно е дека фактот со новонастанатата ситуација ни направи големи промени како и во текот така и во другите начини на фунционирање и не може да се компарираат минатите години со оваа година. Да, спремно го очекуваме претстојниот алергиски период и ќе сториме се за да им се даде вистинска здравствена заштита на сите дечиња кои ќе имаат било каква алергиска компликација.
Правевте ли анализа како помина преку бројки зимава грипот и заболените деца, има ли повеќе за разлика од минатите години?

-Ние постојано во претходниот период јавно и транспарентно говоревме за сите состојби кои ни претходеа и направивме реален приказ, дека како и секоја година така и оваа година имавме очекувани патологии имавме исти а можеби и за нијанса помали бројки во врска со грипната сезона но тие се мали разлики воопшто , оноа што го работевме беше и ќе остане наш трејд марк односно посветенто работење и справување со секоја ново настаната ситуација.

Има ли страв кај персоналот од новиот вирус бидејки секое дете со зголемена телесна температура е потенцијален заболен?

-Само правилно следење на препораките , правилно користење на заштитната опрема и нејзина употреба според сите препорачани протоколи нема и неможе да доведе до контаминација односно заболување на медицинскиот персонал. ИБЗД Козле напоменавме дека успешно уште од самиот старт на оваа пандемија соодветно се подготви и направи професионални протоколи кои беа и проверени од страна на здравствените власти , епидемиолози и инфектолози и како такви беа најпрофесионално спроведени. Обезбедивме посебни влезови , посебни простории , посебни упатства на движење и стерилизација во целата наша болница , тие се почитуваат и досега успешно се следат. Иако секој почеток е тежок но веќе сега е реалност и движиме сигурно и стабилно.
 Колку тестови имате направено за сомнителни случаи?

Досега имавме тестирано повеќе од 40 тина дечиња кои беа суспектни за Ковид 19 , но само 4 до сега беа позитивни , сите тие кои беа позитивни се стабилни и се пуштени на домашен третман. Треба да знае јавноста дека децата имаат блага симптоматологија и клиничка слика затоа и се потенцијални транслатори на вирусот за одбележување и за поздрав е мерката да децата се дома и да не одат во училиштата и градинките тоа ни допринесе да цифрата на заразени деца е многу ниска. Посакувам многу здравје и да сите сплотено се справиме со оваа пандемија , да обрнеме внимание и да помислиме на своите семејства и на своите деца СЕ ЗА ДЕЦАТА бидејќи тие се нашата иднина .

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави