Дрим тимот од Сплит чиј дел беше Наумовски пред три децении ја освои втората од трите европски титули во низа

На денешен ден пред точно пред триесет години  славната „Југопластика“ ја освои втората од три последователни титули Европски шампион во кошарка. Тимот од Сплит вaжи за „дрим тим“ во европската клупска кошарка, а во кој свој придонес имаше и македонскиот кошаркар Петар Наумоски.

И додека триумфот во Минхен во 1989 година беше апсолутно изненадување, па и тој во 1991 година Париз се третираше на ист начин, затоа што „жолтите“ влегоа во сезоната без Дино Раџа, Душко Ивановиќ, Горан Собин и тренерот Божидар Mаљковиќ, тогаш за 1990 година во Сарагоса може да се констатира дека сплитскиот клуб  ги оправда фаворитските очекувања.

Велимир Перасовиќ, незаменлив дел од шампионската машина од Грипе одигра важна улога во Сарагоса.

Како бранител на титулата, Југопластика се прошета до фајналфорот во Шпанија и го освои второто место со скор 11-3, веднаш зад Барселона, која упорно ја бркаше првата европска титула и сочздаваше мега тим од година во година. Треба да се напомене дека управата на Југопластика направи огромна работа во преодниот период кога ги донесе Зоран Савиќ, Арамис Наглиќ и Петар Наумоски, а победничка се покажа правната битка со Бостон Селтикс од каде мораше да се врати Раџа.

– Со три одлични засилувања, а треба да се напомене дека и Жан Табак играше поголема улога, нашата ротација беше широка. Мислам дека токму таа сезона имавме највисок квалитет и игравме со најголема самодоверба. Се чувствувавме како фаворити, па така се однесувавме цело време. Не беше дискутабилно дали ќе се пласираме во финалето, а не ни пречеше што турнирот се игрше во Шпанија, на домашен терен за Барселона, раскажува Перасовиќ.

Тогаш вообичаена беше перцепцијата дека Перасовиќ е златната резерва во таа кошаркашка машина. Сретовиќ, Ивановиќ, Кукоч, Раџа и Собин беа неприкосновена прва петорка. Перасовиќ беше шестиот играч, првиот што влегуваше во клупата. Тоа е точно, но само делумно бидејќи токму тој беше стартер во финалето во Сарагоса, а Кукоч остана на клупата.

– Ретко кога игравме со два бега во тоа време, Ивановиќ, Кукоч и јас се менувавме на истата позиција. Во Сарагоса лесно го победивме Лимож во полуфиналето, јас бев првиот стрелец со 24 поени, вели Перасовиќ.

Многумина се сеќаваат на неговиот кош  во финалето, во финишот од првото полувреме, кога погоди од самиот центар во последната секунда за 40:36 на паузата.

– Барселона во тој период не стигаше, ја грицкаа нашата предност и од психолошка гледна точка тоа беше многу важен кош. Секако дека беше случаен, сите такви шутеви се случајни. Не чувствував дека топката минува низ мрежата кога шутирав, не верував дека е воопшто можно, рече Перасовиќ.

Потегот на Маљковиќ да влезе во последниот натпревар со Кукоч на клупата може да се прикаже како генијален. Патем, Кукоч во игра влезе во 9-та минута и успеа до крајот да постигне 20 и да стане најкорисен играч во финалето.

Југопластика беше страв и страв за Европа, особено за Барселона која во три фајнал фора во низа потклекуваше пред „дрим тимот“. Во Минхен во полуфиналето, во Сарагоса и Париз во финалето.

Треба да знаете
Последни објави