Виртуелениот концерт од дома, насловен како „Еден свет: Заедно дома“, во организизација на музичката ѕвезда Лејди Гага, собра 127 милиони долари, а оваа сума ќе биде донирана за поддршка на здравствените работници кои се борат против коронавирусот. Глобалниот хуманитарен концерт, имаше за цел да ја подигне свеста и финансиски да ја помогне глобалната борба против КОВИД-19.
Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација го поддржаа настанот и се здружија со познати личности. Освен Лејди Гага дел од овој настан беа многу светски ѕвезди, како Андреа Бочели, Били Ајлиш, , Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Елтон Џон, Аланис Морисет, ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд ,Били Џо Амстронг од „Green Day“, Еди Ведер Даѕ и многу други.