Полицијата по потерата која траела 12 часа го убила маѓот кој усмртил повеќе од десет лица, меќу кои и еден полицаец во канадската покраина Нова Шкотска, информираа во неделата канадските медиуми.
Убиецот Габриел Вортман, забен техничар (51), бил пронајден на бензинска пумпа 30 километри од Халифакс, главниот град на Нова Шкотска, а по престрелката бил убиен од полицијата.
Меѓу убиените е и полицајката Хајди Стивенсон, со 23 годишно искуство во полицијата, и мајка на две деца. Засега не се познати мотивите за масакрот.
#Colchester: Gabriel Wortman may be driving what appears to be an RCMP vehicle & may be wearing an RCMP uniform. There's 1 difference btwn his car and our RCMP vehicles: the car #. The suspect's car is 28B11, behind rear passenger window. If you see 28B11 call 911 immediately. pic.twitter.com/yyeOeBt8Ui
— RCMP Nova Scotia (@RCMPNS) April 19, 2020
Полицијата првично во саботата добила дојава за пукање во една куќа во која и околу неа имало трупови. Убиени имало и на други локации.
Вортман наводно бил во униформа и се движел со полициски автомобил.
https://www.facebook.com/cbcnews/videos/222312022201104/?t=44