Контроверзната Ванда Нара спиела и со Марадона

Пред неколку години, додека била се уште само старлета, Ванда Нара во хотелска соба „спиела“ со Диего Армандо Марадона.

Детали околу тој настан, изнесува Мирта Легранд, познатата актерка и водителка од Аргентина.
,,Престојував во хотелот Мар дел Плата, ми пријде една старлета и ме праша зошто не ја повикам како гостинка во мојата емисија. Тоа беше Ванда Нара. Ја запрашав: Дали ти си онаа девојка која ноќеска имаше секс со Марадона? Не ме оставија цела ноќ да спијам, собите ни беа една до друга. Беа гласни, се слушаше како го префрлуваа и мебелот. Навистина не ми е јасно што толку правеа и зошто толку викаа“ истакна Мирта.

Инаку видео од тој престој на Ванда во хотелот кружи на интернет, за првпат се појави во 2018 година.

Кога сме кај атрактивната Ванда, познато е дека таа пред сегашниот сопруг Мауро Икарди, беше во брак со Макси Лопез.

Треба да знаете
Последни објави