Короната го откажа и годинашниот Октоберфест

Германскиот Октоберфест, најголемиот светски фестивал на пивото, е откажан поради падемијата на коронавирус, соопштија властите на јужната покраина Баварија.

Околу шест милиони посетители од целиот свет секоја година се собираат во Минхен на 14-дневен фестивал што се одржува под шатори со долги дрвени маси и оркестри кои свират локална народна музика.

„Денес е малку тажен ден за мене. Откажувањето на Октоберфест е горчлива пилула, што исто така има негативни економски последици“, рече градоначалникот Дитер Рајтер.

Оваа манифестација на Минхен му носи приход од над милијарда евра.

Годинава беше планирано Октоберфест да се одржи од 19 септември до 4 октомври.

Треба да знаете
Последни објави