Лукаку: Од 25 играчи 23 бевме болни во декември, ама не се тестиравме

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, белгискиот интеранционалец Ромелу Лукаку, го шокира светото со информација дека 23 од 25 играчи на „нераѕурите“ биле болни пред крајот на декември, ама не биле тестирани на коронавирусот. Поради овие тимот една недела бил поштеден од тренинзи. По една слободна недела во месец декември продолжиле со редовните активности. Симптомите кои ги имале фудбалерите наликувале на коронавирусот, ама тогаш не се правеле тестови.

-Имавме една слободна недела во декември. Кога се вративме на тренинг, се колнам дека 23 од 25 играчи беа болни. Не се шегувам. Игравме против Каљари, по дваесет минути еден од дефанзивците мораше да го напушти теренот затоа што не можеше да издржи. Ќе се онесвестеше. Сите кашлаа, имаа грозница. Додека се загревав, телото ми беше потопло од вообичаено. Никогаш не не тестираа, затоа нема никогаш да знаеме дали тогаш сме имале корона, изјави Лукаку.

 

Треба да знаете
Последни објави