Нов руски противвоздушен систем најавен за следната година

Извидувачки и командни возила за најновиот руски противвоздушен одбранбен систем „Гибка-С“ треба да ѝ бидат доставени на руската армија во текот на 2021 година, соопштија од седиштето на корпорацијата „Ростек“, а пренесе агенцијата ТАСС.

Тестирањето на командно-извидничките возила за новиот систем „Гибка-С“ беше успешно завршено во текот на минатата година, а руското Министерство за одбрана издаде серија препораки за подобрување на ефикасноста на овој воен систем.

Треба да знаете
Последни објави