Според педијатрите, децата до две години не треба да носат маска за лице

Додека многу владини службеници и медицински експерти советуваат луѓето да носат маски за лице кога излегуваат надвор за да спречат ширење на коронавирус, педијатрите велат дека тоа може да биде штетно за бебињата.

Британскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека новороденчињата имаат мали дишни патишта, така што маската може да направи повеќе штета отколку корист, а лекарите предупредуваат дека може да предизвика задушување.

Децата под двегодишна возраст никогаш не треба да носат маски заради ризик од случајно задушување. Експертите објаснуваат дека децата имаат мали дишни патишта, особено новороденчињата, бидејќи немаат доволно сила да реагираат и да го спречат задушувањето во случај маската за лице да им оневозможи нормално да дишат.

Треба да знаете
Последни објави