Репрезентациите кои ќе играат во бараж-натпреварите од фудбалската Лига на нации за да обезбедат пласман на завршницата на ЕП-2020, која поради коронавирусот е поместена за идната година треба да достават свои предлози за одигрување на иститие, а УЕФА ќе пречесче на 27 мај за кога е закажана седница на Извршниот комитет.
Македонија ќе игра во ова разигрување најпрво како домаќин на полуфиналето со Косово, а ако победи ќе гостува на подобриот од дуелот Белорусија – Грузија.
За одигрувањето на овие натпреаври по кои ќе бидат познати последните патници на завршницата од ЕП-2021, УЕФА има три сценарија. Тие да се одиграат во септември и октомври, октомври и ноември или двата меча (полуфинале и финале) во ноември.
УЕФА денеска одржа видеоконференција со претставниците на 55-те членки на Европската фудбалска асоцијација. Генералните секретари на сите членки на УЕФА ги слушнаа предлозите и новостите од Европската куќа на фудбалот поврзани со календарот за репрезентативните и клупските натпреварувања.