Белгиски борбен авион пресретна руски авиони

Белгиски борбен авион Ф-16 кој патролирал во балтичкиот регион пресретнал два руски авиона кои летале над американски носач на авиони во близина на брегот на Литванија, соопшти денеска НАТО.

Тоа се случило во петокот, а видео-снимка објавена од воздушната команда на НАТО ги прикажува руските авиони како летаат во меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море над американскиот носач „Доналд Кук”, пренесува „Бизнис инсајдер”.

„Белгиски бомбардер Ф-16 професионално ги пресретна руските авиони”, се наведува во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави