Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска објави дека полицајците од првите линии во спроведувањето на мерките за заштита ќе добијат еднократна награда од 650 лева, односно околу 300 евра, на барање на министерот за внатрешни работи Младен Маринов.
Според Борисов, полиајците се едни од најзаслужните што во Бугарија навремено е зауздана епидемијата од корона вирусот и бројот на заболени во однос на населението е релативно мал и контролиран.
– Пазарите и продавниците работат. Луѓето слободно се движат по улиците. Нема вечерен полициски час. Никој не врши притисок над граѓаните. Се функционира како вообичаен ден, рече Борисов.
Тој додаде дека паричната награда за полицајците ќе започне да се исплаќа уште од денес.