Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Јован Митрески
„ Владата на СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството и фирмите се во минус. Мерките се неприменливи и не значат помош за стопанството.
Поради неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни, не нудат реална помош, а голем број на стопанственци се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.
Само измамници како Заев, Спасовски и Ангеловска можат да се фалат во успехот на мерките.
Наместо СДСМ да држи празни прес конференции, неопходно е веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците.“