Во изминатото деноноќие во Албанија тестирани се 42 сомнителни случаи на Ковид-19,при што позитивен резултат има кај 25 од нив,со што вкупната бројка се зголеми на 609 инфицирани лица.
-Во истиот временски период 18 пациенти се излекувани,со што вкупната бројка на излекувани сега изнесува 345 лица.Моментно во нашата земја 238 лица се активно
инфицирани,што потврдува дека бројот на излекуваните е поголем од од моментно болните, изјави Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје.
Според неа досега се тестирани 6.017 сомнителни случаи и од нив 602 се потврдени позитивни на Ковид-19.
Од појавата на првиот случај,на девети март,кој беше токму од Тирана, за првпат во последните 24 часа не е дијагностициран ниту еден случај во албанската
метропола,каде вкупно заразени се 253 лица.
Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 40 пациенти,што е за ќчетвроица помалку споредено со вчера. Од нив 10 пациенти се на интензивна терапија.
Таа упати апел до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, бидејќи,како што рече војната со новиот опасен вирус
сеуште не е завршена.