Во Русија најголем број починати во еден ден од коронавирус

Во последните 24 часа во Русија од компикации поврзани со коронавирус починале 51 човек, а дополнително се заразиле 5.642. Со тоа бројот на заболени од Ковид-19 во оваа земја достигна 52.763, а починати се 456.

Се работи за значаен пораст на бројот на новозаразени во споредба со претходниот ден – 4.268 и за најголем дневен број на смртни случаи од почччееетокот на пандемијата.

Во светот се забележани речиси 2,5 милиони случаи на коронавирус, починале 170.470 луѓе, а оздравеле 652.170 луѓе, покажуваат денешните податоци на „Ворлдометерс“.

Америка се приближува до 800.000 случаи, таму починале 42.517 луѓе, а оздравеле 72.389.

Вчера бројот од 20.000 смртни случаи го надмина и Франција, која има 155.383 случаи. Над 20 илјади мртви имаат и Шпанија, со над 200 илјади случаи и Италија која има над 180 илјади случаи.

Голем број на починати има и Велика Британија – 16.509 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави