Граѓанските организации бараат Владата да ја промени одлуката за помала финансиска помош за нив

Граѓански организации, мрежи и платформи во заедничка реакција ја повикуваат Владата да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен Весник на 9 април 2020 година.

Според 73 организации кои стојат зад ова барање, одлуката за намалување на финансиската поддршка е донесена во нетранспарентен процес, без консултација со засегнатите страни и пошироката јавност.

„Ова говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време“, се наведува во реакцијата.

Во неа се додава дека граѓанските организации уште од самиот почеток на епидемијата многу брзо и ефикасно се мобилизирале и обезбедиле помош за најпогодените граѓани.

„Оваа брза реакција, за жал Владата на РСМ не ја препознава како партнерство во борбата со Ковид-19. Во услови кога граѓанските организации работат на санирање на штети со што помагаат на Владата во справувањето со здравствена криза, вакви сериозни намалувања ќе бидат штетни по долгорочната работа на граѓанските организации“, стои во соопштението

Треба да знаете
Последни објави