Кој би можел да го замени Ким Џонг Ун?

Северна Кореја никогаш досега не објавила кој би можел да г замени лидерот Ким Џонг Ун во случај тој да не е во можност да ја врши функцијата.

Нема ниту информации за неговите деца, а аналитичарите сметаат дека неговата помлада сестра и луѓето кои му се лојални би можеле да изберат „регента“ се додека наследникот не биде доволно возрасен за да ја преземе должноста.

Јужна Кореја и кинеските власти изразија сомневање дека Ким е тешко болен по операцијата на срцето, но, медиумите поставуваат шраѓање кој би можел да го замени 36-годишниот Ким, ако тој сериозно се разболи или почине, пренесува Ројтерс.

Ким дојде на власт во 2011 година, по смртта на неговиот татко, кој почина од инфаркт, а се шпекулира дека неговата помлада сестра Ким Џо Џонг (31), која изминатите две години најмногу го придружуваше на патувањата и собирите, е можен негов наследник.

„Ким Џо Џонг засега ќе биде главна сила со контрола на организациите и одделенијата за водење, правосудтво о јавна безбедност“ изјави Чо Хан-Бум од корејскиот инситут за национална унификација.

Меѓу другите имиња кои се најдоа се и тетката на Ким, Ким Кјонг Хуи, која во јавноста не се појавила откако Ким нареди убиство на нејзиниот сопруг.

Треба да знаете
Последни објави