Лавров: Неосновани се обвиненијата на САД дека Русија го крши Договорот за отворено небо

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека обвинувањата на САД против Русија за кршење на Договорот за отворено небо се неосновани, додавајќи дека Вашингтон можеби веќе донел одлука да се повлече од договорот, пренесува „Спутник“.

Минатата недела американската морнарица изјави дека руски борбен авион Су-35 извел брз маневар пред американскиот авион за набљудување „П-8А Посејдон“ при пресретнувањето над Средоземното Море.

Уште во октомври 2019 година се појавија извештаи во врска со намерата на администрацијата на Трамп да се повлече од Договорот за отворено небо. Договорот им овозможува на своите 35 потписнички, вклучително и Русија и САД, да изведуваат беспилотни летови за воздушен надзор над териториите на други земји за да го потврдат почитувањето на договорите за разоружување.

Договорот, потпишан во март 1992 година, стапи на сила дури во јануари 2002 година. Русија, еден од првите потписнички, го ратификуваше договорот во мај 2001 година.

Треба да знаете
Последни објави