Микиќ: Врвот е достигнат, но рано е да се каже дека е исклучено ново зголемување на бројот на заразени

Како гостин на 24 ТВ во емисијата „Отворено студио“ епидемиологот д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје го најави релаксирањето на рестриктивните мерки.

-Точно е деке е нужно да дојде до намалување на рестриктивните мерки, пред сè тие се донесоа во одреден временски период со цел да се намали притисокот врз здравствениот систем. Нормално дека ваков тип на рестрикции не можат да траат вечно од повеќе причини и доаѓаме во ситуација кога гледаме дека бројот на новодијагностицирани случаи се намалува, но тука би бил внимателен бидејќи сè уште е рано да се каже дали ова е вистински пад или пак ќе дојде до одредено зголемување на бројот на случаи. Меѓутоа, сметам дека оној врв на случаи веќе е достигнат – објасни д-р Микиќ.

Д-р Микиќ воедно најави дека релаксирањето на мерките задолжително ќе се одвива во фази:

-Релаксирањето на рестриктивните мерки не може да биде одненадеж и како ништо да не било претходно, мора да се одвива во фази и да оди постепено. Носењето на заштитна опрема е една од тие фази за да можат луѓето да се движат послободно, меѓутоа со користење на заштитна опрема ќе мора да се избегне ризичен контакт на луѓе кои би биле блиску во група едни до други. Социјалната дистанца и држењето растојание од два метра ќе остане неопходно. Ќе се носат маски најмногу заради големиот број асимптоматски случаи кои можат да го пренесат вирусот без притоа да имаат никакви симптоми – поача д-р Микиќ.

Треба да знаете
Последни објави