Нови случаи на Ковид-19 во кинеската провинција Шанси

Во северозападната кинеска провинција Шанси потврден е 21 нов случај на Ковид-19, речиси три недели откако не беа регистрирани новозаразени лица.

Инфицираните со новиот коронавирус се кинески државјкани кои допатувале од странство, а седум од случаите немале никакви клинички симптоми.

Поради забрана за дојдовни меѓународни летови на аеродромот во Пекинг, тие од Москва вчера слетале во Сијан, главниот град на провинцијата Шанси. Повратниците требало да го продолжат патот до Пекинг, но тестирањето извршено на аеродромот во Сијан покажало дека се позитивни на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави