Отворен рускиот Пат на свилата, што ги поврзува Северна Европа и Азија

Цариниците од рускиот град Нахотка, на Далечниот Исток на Русија, ја царинеа првата серија од 37 контејнери што пристигнаа на новата транзитна рута Северна Европа – Азија, како дел од пилот-проектот од Федералната царинска служба на Русија и компанијата „Маерск“.

„Контејнери со дрвен материјал, хемиски производи и ткаенини пристигнаа во пристаништето Васточни (во Приморската Област) преку Транс-сибирската железница од земјите на Северна Европа преку пристаништето во Санкт Петербург. Стоката потоа беше испратена до пристаништата во Јужна Кореја и Јапонија“, се вели во соопштението.

Исто така, беше посочено дека оваа рута овозможува да се скрати времето за испорака на транзитни стоки меѓу Европа и Азија – за 18 или 20 дена, за разлика од традиционалната рута преку Суецкиот Канал кога се потребни 42-45 дена за испорака, пренесува „Спутник“.

Треба да знаете
Последни објави