Родман: Кога замина Џордан, Скоти Пипен беше најдобриот играч на светот

Скандалозниот Денис Родман изјави дека кога Мајкл Џордан го напуштил Чикаго Булс во 1993 година, Скот Пипен бил најдобриот играч на светот.

Родман, поранешен соиграч на Џордан и Пипен во „Булс” и 5-кратен шампион во НБА (двапати со Детроит Пистонс и три пати со Чикаго), беше познат по своите вештини во играта во одбрана.

– Кога замина Мајкл. во 1993, 1994 и 1995 година, Скот Пипен беше најдобриот играч во светот. Во тој период, тој беше водач на тимот во секоја статистичка категорија … кога замина Мајкл, Скоти ги зеде работите во свои раце и беше најдобриот играч на светот, но луѓето не го знаат тоа, изјави Родман (58) за „Фрст Тејк”.

Треба да знаете
Последни објави