СДСМ шири лажни вести, за сите ветија помош која ја искористија само 100-тина компании

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ шири лажни вести. Ветија помош за сите фирми, а сега наводната помош ја искористија само 100 тина компании.

Никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на СДСМ затоа што се крајно неповолни и не нудат реална помош.

СДСМ шири лажни вести и кога вели дека лекарите имаат заштитна опрема, а тие се оставени голораки и сами ја купуваат заштитната опрема, затоа и бројот на заболени лекари и медицински сестри е скоро 17% од вкупниот број на заразени.

СДСМ од почетокот на кризата шири лажни вести. Првин велеа дека има пати во буџетот, па дека дупката е 600 милиони, па 1.2 милијарди, за на крај самиот Заев да излезе и да каже дека би се задолжил и 2 милијарди.

Кај СДСМ имаме само лаги и манипулации на штета на народот.

 

Треба да знаете
Последни објави