„Фејсбук“ ги блокира противниците на карантинот

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе ги блокира лицата кои се противат на мерките за карантин, кои нема да можат да ја користат социјалната мрежа за да организираат собири со кои се кршат наредбите на американските сојузни држави за останување дома.

Но, како што наведува Ројтерс, компанијата соопштила дека ќе ги отстрани само пораките кои се во спротивност на насоките на владата.

Како што велат од компанијата, од платформата веќе се отстранети пораките на демонстрантите во Калифорнија, Њу Џерси и Небраска, кои повеќе денови протестираат против рестрикциите.

Овој потег на компанијата „Фејсбук“ наиде на силни критики на конзервативците во САД, а меѓу нив е и најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави